Војнуци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Војнуци — членови на привилегираната[1] отоманска воена социјална класа која се состоела од немуслиманско население. Оваа единица била основана во 1370-тите или 1380-тите. Специјалниот статус со кој тие биле наградувани за вршење воена служба се состоел во стекнување и уживање на бесплатно наследство, ослободување од данок и припаѓање на воената класа. Војниците по потекло биле Словени[2], од Бугарија, Македонија, Тесалија, јужна Србија и Босна[3][4], но имало и од Влашка[5]. Тие припаѓале на Војнук-санџаците, кои не биле територијална единица како другите санџаци, туку специјална организациска единица на Отоманското Царство. Војнуците биле лесни оклопни луѓе, кои оделе на служба и воени походи на коњи, вооружени биле со копје, штитови и оклоп. Тие секогаш носеле исклучиво црни костуми.
Редот на војнуците постоел уште во времето на српската средновековна држава[6], а истиот бил преземен во османлискиот систем за време на реформите на беглебегот Тимурташ-паша, за време на владеењето на султанот Мурат II, веднаш по Маричката битка. Тие првично биле членови на постојното балканско благородништво кои им се придружило на Османлиите во 14 век и им било дозволено да ги задржат своите имоти затоа што Османлиите редовно инкорпорирале пред-отомански воени групи, вклучително и војнуци, во свој систем во раниот период на османлиската експанзија по ред да ги постигнат своите нови освојувања полесно[7][8].
Најмалата воена формација била 1 „копје“ составена од војнуци и 2 јамаци (обично негови роднини), од кои сите тројца биле должни да служат. Најнискиот старешина бил познат како лагатор, а тоа бил највисокиот можен ранг за христијаните. Војнуците како воена формација биле делени на војнуци војници и војнуци џебелии.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads