Вратика
вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вратика или обична вратика (науч. Tanacetum vulgare) — повеќегодишно, зелјесто скриеносемено растение од семејството главоцветни.[2] Расте до висина од 1,5 метри, има дрвенест ризом, издолжени, наизменични, шилести лисја со назабени сегменти и се одликува со мали зарамнети златножолти цветови. Нејзината изворна област е Европа и Азија, но со колонизација се проширила и во Северна Америка, а во некои делови станала инвазивен вид.[3]
Поради своите лековити својства, силно ароматичното растение се користело уште од времето на Стара Грција како билка. Вратиката служела како бактерицид и антибиотик. Сепак, бидејќи активната супстанција на лекот е премногу близу до токсичната доза (главно се должи на невротоксичниот тујон), неговата внатрешна употреба постепено се намалува. Сè уште се користи надворешно (особено во облик на масти и бањи). Вратиката има и други намени како зачин, набојување (нанесување боја на нешто), но и како природен пестицид. Ги одбива паразитите и инсектите (како што се молци или комарци).[4]
Remove ads
Опис
Повеќегодишно растение, грмушки по изглед. со краток вретено или цилиндричен, разгранет корен. Произлегува исправено, аголно, едноставно, покриено со влакна или блескаво, густо покриено со лисја. Лисјата се темнозелени, ситно наострени жлезди. Работ на листот е често назабен. Вратиката може да порасне до 1,5 метри и има златножолти многу мирисливи цветови[5]
Употреба
Општо е отровно растение. Младите и свежи лисја може да се користат во многу мали количини како зачин. Ова растение може да се искористи за производство на природни пастециди. Има фунгицидно дејство, против ’рѓа и мувла. Тоа е лековито растение, но не е за употреба, бидејќи може да биде отровно. Може да предизвика алергиски контактен дерматитис.[6]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads