Временски задоцнувања во монетарната политика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Временските задоцнувања во монетарната политика (англиски: time lags in monetary policy) го претставуваат одложеното дејство на мерките на монетарната политика, односно времето кое поминува од моментот кога централната банка ќе преземе акција до моментот кога нејзиите мерки ќе се одразат врз економијата. Овие задцнувања претставуваат сериозно ограничување кое ја намалува делотворноста на монетарната политика во нејзиите напори да ја стабилизира економската активност.
Remove ads
Видови временски задоцнувања
Постојат неколку видови на временско задоцнување, како што се:
- времето потребно да се спознае одреден проблем („Recognition lag“),
- времето потребно да се донесе одлука за акција („Action lag“) и
- времето потребно акцијата да ги даде очекуваните резултати („Impact lag“).
- Recognition lag
Овде станува збор за времето кое е потребно за да се распознае одредена појава и да се даде точна дијагноза за економскиот циклус. Ова задоцнување се јавува и поради тоа што статистичарите ги даваат економските показатели по определен временски период. На овој временски “јаз” влијаат повеќе фактори како што се: ненавременото објавување на податоци, тешкотиите на распознавање на појавата поради самата нејзина природа и слично. Колку е побрза способноста за распознавање на одредена појава, толку и ова задоцнување ќе биде пократко, и обратно. Бидејќи економијата е нормативна категорија, често се даваат и спротивни мислења за природата на одредена појава, што самото по себе придонесува да се проширува овој дел од временско задоцнување.[1]
- Action lag
Откако ќе се распознае одредена појава, поминува определено време додека да се преземе акција. Овој временски период што поминува откако ќе се распознае одредена економска појава, до преземањето мерки за нејзино елиминирање или пак поддржување во литературата е познат под името “Action lag”. Различното мислење на економистите кои решаваат за дејствувањето на монетарната политика придонесува за пролонгирање на времето за да се одлучи какви инструменти на монетарната политика да се употребат. Времето потребно за преземање акција зависи од низа фактори, како што се: природата на процесот на донесување одлуки, дали одлуката ја донесува само еден орган или таа треба да помине низ повеќе тела, колку тие се сложни меѓу себе, долгите административни процедури околу донесувањето на одлуката итн.[1]
- Impact lag
Под „Impact lag“ се подразбира времето потребно одредена преземена акција да се почувствува таму каде што е упатена, односно [1] временското растојание што се појавува меѓу преземената акција и нејзиното стварно влијание. Исто така, посебна специфичност кај ова временско заостанување е што не се ефектира целото влијание на одредена акција во еден момент, туку тоа влијание е дистрибуирано временски, односно акцијата на централната банка влијае и во следните квартали, семестри или години. Ова задоцнување е временски дистрибуирано: на почетокот ефектите на монетарната политика се мали, потоа постепено се зголемуваат и кумулираат, подоцна постепено се намалуваат и, на крајот, тие се губат.
Remove ads
Причини за појава на временско задоцнување
Задоцнетите ефекти на монетарната политика произлегуваат од самиот трансмисионен механизам на монетарната политика. Имено, потребно е одредено време за каматните стапки да реагираат на мерките на монетарната политика, потоа агрегатната побарувачка да реагира на каматните стапки, и најпосле цените да реагират на агрегатната побарувачка. Ваквото задоцнето реагирање на одделните променливи на акциите на централната банка се должи на постоењето на одредени фрикции во економската структура:[1]
- во економијата постојат бројни номинални договори (колективни договори за наемнините, договорени цени со деловните партнери, кредити со фиксни каматни стапки итн.), кои се склучиле за одредено време и кои не можат веднаш да се раскинат. Оттука, ако во меѓувреме се промени насоката на монетарната политика, нема истовремено да се променат овие променливи, туку ефектите на монетарните акции ќе дојдат до израз подоцна.
- заради трошоците поврзани со менување на одлуките, економските агенти чекаат некое време за да видат дали ефектите на монетарната политика ќе бидат трајни или привремени.
- заради нискиот кредибилитет на монетарната политика, економските агенти чекаат да видат дали политиката ќе трае и дури потоа тие ги менуваат одлуките за цените и производството.
- неизвесноста предизвикана од непотполните информации е дополнителна причина за задоцнетите ефекти на монетарната политика. На пример, цените можат да растат заради монетарната експанзија или заради промените во побарувачката на одреден пазар. Притоа на економските агенти им треба време да ги разграничат изворите на промената на цените и да донесат соодветна одлука.
- задоцнетите ефекти на монетарната политика произлегуваат и од бавното менување на очекувањата на економските агенти, кои чекаат нови околности и информации за да ги сменат своите очекувања.
Remove ads
Емпириски истражувања
Бројните емпириски истражувања потврдуваат дека монетарната политика влијае врз номиналните и реалните променливи со одредено задоцнување, кое се разликува од земја до земја или од период до период. Првото мерење на задоцнетите ефекти потекнува од Ирвинг Фишер, кој утврдил дека во САД, во првите две децении на XX век, просечното задоцнување од промената на монетарната политика до промената на цените изнесувало 1,75 месеци.[2]. Милтон Фридман[3] утврдил дека во големите западни економии, интервалот од промената на монетарниот растеж до промената на инфлацијата, во просек, изнесува две години. И денес се смета дека во развиените економии, акциите на монетарната политика влијаат врз цените со просечно задоцнување од 20-24 месеци.[4][5], додека во земјите во развој временските задоцнувања најчесто се движат од шест месеци до една година.[6][7][8][9].
Последици од временските задоцнувања
Постоењето долги и променливи задоцнувања во ефектите на монетарната политика е традиционалниот монетаристички аргумент против употребата на активната монетарна политика која само ја дестабилизира економијата [10]. Денес, мнозинството економисти го прифаќаат овој аргумент како целосно оправдан. Имено, заради тоа што ефектите од монетарните акции се временски дистрибуирани, значително се усложнува водењето на монетарната политика. Така, доколку централната банка одговори на рецесијата со монетарна експанзија, ефектите од таквата политика можат да дојдат до израз подоцна кога, под дејство на самокорективниот механизам, економијата навлегува во фазата на експанзија и на тој начин монетарната политика само ќе ја засили инфлацијата т.е. самата политика ќе се јави во улога на дестабилизатор на економијата.
Оттука, заради тоа што ефектите од акциите на монетарната политика доаѓаат до израз со задоцнување, централната банка мора да делува предвреме, пред јасно да се манифестираат инфлаторните притисоци. Според тоа, монетарната политика мора да биде свртена кон иднината (forward-looking) и да реагира превентивно на секој најмал знак за евентуални инфлаторни тенденции.[11][12][13]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads