Втора македонско-римска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Втората македонско-римска војна траела од 200 п.н.е. до 197 п.н.е. Војната се одвивала помеѓу Македонија предводена од Филип V и Римската Република.[1] Била создадена антимакедонска коалиција, во која учествувале Пергам, Родос, Атина, Илирите, Дарданија и хеленските држави. Во првите години на војната Филип V успешно се спротивставува на Римјаните и обезбедува цврста позиција на реката Аос. До решавачка битка меѓу македонската и римската војска доаѓа во јуни 197 г. пр.н.е. кај Киноскефале во која македонската фаланга и покрај почетните успеси е целосно разбиена. Македонците имаат големи загуби: загинуваат 8.000 војници, а 5.000 се заробени. Филип V го напушта боиштето, а при повлекувањето ја пали кралската архива во Лариса, пред таа да падне в раце на Римјаните, при што се спасуваат државните документи. Во Tемпа се склучува примирје и Филип V се повлекува во Македонија.
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.  | 
Во 201 п.н.е., амбасадори од Пергам и Родос поднеле докази пред Римскиот сенат дека Филип V и Селевкидскиот владетел Антиох III потпишале пакт за ненапаѓање. Иако некои учени сметаат дека овој „таен договор“ бил измислен од Пергам и Родос, ова предизвикало Римјаните да ја започнат таканаречената Втора македонско-римска војна.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
