Географ
научен работник што се занимава со изучување на географијата From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Географ — научен работник што се занимава со изучување на географијата[1] — наука за природата и општеството на Земјата.

Иако во минатото географите биле познати по изработувањето на карти, оваа дисциплина е во доменот на географската гранка наречена картографија. Географите ја изучуваат животната околина, човечкото општество и заемниот однос на овие две целини.
Физичките географи се посветени на изучување на природата, додека пак антропогеографите се занимаваат со општеството. Денес сите географи се користат со географски информациски системи (ГИС) во надлежност на локални, обласни и државни служби како и еколошки организации и градежни претпријатија.
Remove ads
Полиња на изучување
Во географијата постојат две главни полиња на изучување, кои потоа се делат на повеќе помали:
- физичка географија: геоморфологија, хидрологија, глациологија, биогеографија, климатологија, метеорологија, педологија, океанографија, геодезија и еколошка географија.
- антропогеографија: урбна географија, културна географија, стопанска географија, политичка географија, историска географија, маркетиншка географија, медицинска географија и општествена географија.
Remove ads
Поврзано
- Географија
- Картографија
- Антропогеографија
- Список на географи
- Физичка географија
- Наука за Земјата
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads