Гладијатор 2
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гладијатор 2 (англиски: Gladiator 2) — историски игран филм во режија на Ридли Скот, продолжение на филмот „Гладијатор“. Плановите за филмот биле објавени уште од 2001 г. Во февруари 2023 г., се дознало за планираната трилогија. Датумот на објавување на првиот филм од трилогијата е 22 ноември 2024 г.; третиот и четвртиот филм ќе бидат прикажани во 2026 и 2027 г.[3]
Премиерата на филмот во Македонија била на 14 ноември 2024 г.
Remove ads
Содржина
Филмот се одвива 16 години по смртта на Марко Аврелиј, кога Рим е управуван од браќата Каракала и Гета. Синот на Луцила, Луциј, живее непризнат во последниот слободен град Нумидија. Овој град е освоен од римската војска под заповедништво на Марко Акациј (мажот на Луцила), Луциј ја губи својата жена Аришат во битка, е заробен и станува гладијатор. Уште на првиот ден од игрите, Луцила го препознава својот син. Макрин, господарот на Луциј, открива дека Луцила и Акациј организирале републиканска завера и им кажува на царевите за тоа, благодарение на што тој станува нивен довереник.
Акациј е испратен во арената на Колосеумот, каде што мора да се бори со Луциј. Тој намерно му попушта на својот противник за да не му наштети на синот на неговата жена, но и Луциј се откажува од својата одмазда. По наредба на Гета, Акациј е застрелан со стрели, предизвикувајќи немири во Рим. Макрин го користи ова за да го поттикне Каракала на братоубиство. Откако го убива Гета, тој го назначува Макрин за втор конзул и командант на Преторијанската гарда.
Луциј сака да го ослободи Рим од корупција и терор, и затоа му наредува на својот пријател д-р Рави да ја пренесе наредбата до војската на Акациј, распоредена во Остија, да маршираат кон Рим. На последниот ден од гладијаторските игри, тој самиот е принуден да ја брани Луцила од преторијанците. Луциј предводува востание на затворениците и го зазема Колосеумот, но Луцила е убиена пред негови очи од стрела од Макрин, кој го убива и Каракала, преземајќи ја власта над царството.
Макрин ја предводува Преторијанската гарда против војската на Акациј. Луциј, жеден за одмазда за убиството на неговата мајка, брза по него, го стигнува и меѓу нив започнува двобој, во кој Макрин умира. Потоа Луциј држи говор во кој се повикува на сонот на Марко Аврелиј за „праведен Рим“. На овој начин тој спречува граѓанска војна.
Remove ads
Улоги
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads