Голем Кремљски дворец

палата From Wikipedia, the free encyclopedia

Голем Кремљски дворец
Remove ads

Големиот Кремљски дворец (руски: Большой Кремлевский дворец), е изграден во периодот од 1837 до 1851 год. во Москва, Русија, на местото на поседот на великите кнезови, основани во XIV век на Боровицскиот Рид[1]. Конструирана е од тим архитекти под водство на Константин Тон со намета да се потенцира величината на руската аристократија. Тон бил и архитектот на Арсеналот и црквата на Исус Христос Спасителот.

Кратки факти Голем Кремљски дворец, Општи податоци ...
Thumb
Големиот Кремљски дворец по ппознат по своите раскошни ентериери

Големиот Кремљски дворец порано била московската резиденција на царот. При изградбата морал да се сруши постојниот барокен дворец на местото, конструиран од Растрели, како и црквата Св. Јован Крстител, конструирана по нацрт на Алевиз Новиот на местото на најпрвата црква во Москва.

Тоновиот дворец е долг 125 м, а висок 47 м, со вкупна квадратура од 25,000 [[м2]]. Во ова спаѓа и постариот Теремски дворец, девет цркви од XIV, XVI и XVIII век, Светиот вестибил и преку 700 соби. По план зградите во комплексот обликуваат квадрат со внатрешен двор. Главната зграда изгледа како да има три ката, но всушност има два - горниот кат има два реда прозорци. Западната зграда од дворецот има државни приемни сали и приватни одаи за царското семејство (слика) Архивирано на 4 март 2016 г..

Петте приемни сали (Георгиевска, Владимирска, Александрвоска, Андреевска и Екатеринска) се именувани по ордени на Руското царство: Георгиев, Владимиров, Александров, Андреев и Катеринин. Георгиевската сала (слика Архивирано на 27 септември 2007 г.) денес се користи за државни и дипломатски приеми како и официјални церемонии. Во оваа сала се потпишуваат меѓународни договори (слика Архивирано на 27 септември 2007 г.). Исто така таа води до Избршушената палата, Златната одаја на царицата, Теремскиот дворец, Зимскиот дворец, и Државниот Кремљски дворец. Александровската (слика Архивирано на 27 септември 2007 г.) и Андреевската сала (слика Архивирано на 27 септември 2007 г.) во советско време биле споени за состаници и конференции на Врховниот Совет на СССР; во 1990-тите биле раскошно реставрирани според Тоновите дизајни.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads