Грамада

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Грамада (бугарски: Грамада) — гратче во северозападна Бугарија, , административен центар на општината Грамада во Видинската Oбласт. Има население од околу 1,236 жители (2022).[1]

Кратки факти Грамада Грамада, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Се наоѓа во западниот дел на Дунавската Рамнина, на 30 километри од Видин и на 200 километри од Софија. Гратчето е сместено на двата брега на Грамадска Река.

Општина

Општина Грамада има површина од 184 км², а сочинета е од следниве населени места:

  • Бојаново
  • Бранковци
  • Грамада
  • Медешевци
  • Милчина Л’ка
  • Срацимирово
  • Тошевци
  • Водна

Општината е сместена во рамнина, а низ неа поминуваат реките Видбол, Корманица, Грамадска и Јасова Бара. Главна дејност е земјоделството, особено пченица, овошје и зеленчук и винарство.

Знаменитости

Источно од Грамада се наоѓа Видинскиот трансмитер, моќна станица која емитува средни радиобранови, пуштена во употреба во 1973 година. Нејзините сигнали лесно може да се пренесат низ цела Европа.

Чест

Ледникот Грамада на антарктичкиот остров Смит сместен во Јужните шетландски острови е именуван по Грамада.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads