Дара Драгишиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дара Драгишиќ
Remove ads

Даринка Дара Драгишиќ (10 декември 1921 во Сараево, Босна и Херцеговина22 септември 1944 во Каљај Дода, Љума, Албанија) — учесник во НОВ на Македонија и народен херој на Југославија.[1][2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Учествувала во заднината на НОД во Пеќ, на Косово, од 1941 година. Во 1943 година била примена за член на КПЈ. Во јуни 1943 година била борец во Шарпланинскиот партизански одред, а на 11 октомври 1943 година станала борец на Првата македонско-косовска ударна бригада. Во Бригадата била избрана за делегат на десетина. Учествувала во сите борби на Бригадата и била ударник. Во борбите на Бригадата против Германците на 22 јуни 1944 година на Караорман била ранета во десната рака. Во септември 1944 година на местото наречено Каљај Дода во Албанија, каде група борци биле опколени од балистите, загинала борејќи се до последниот куршум во пиштолот стрелајќи со левата рака .[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads