Деновите на Сакамото
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Деновите на Сакамото (јапонски: サカモトデイズ, англиски: Sakamoto Days) — јапонска манга напишана и илустрирана од Јуто Сузуки. Била серијализирана во Weekly Shonen Jump, познатото шонен-списание за манга на Shueisha, од ноември 2020 г. Од јануари 2025 г., нејзините поглавја се составени во 20 тома танкобон. Мангата е истовремено објавена на англиски јазик од Viz Media и е достапна на онлајн платформата Manga Plus.[1]
Приказната го следи Таро Сакамото, пензиониран легендарен платен убиец што го заменил своето опасно минато за спокоен живот како посветен семеен човек. Арно ама, неговите мирни денови се прекинуваат кога повторно се појавуваат поранешни непријатели и соработници од неговата кариера како платен убиец, барајќи одмазда. За да ги заштити своите најблиски, Сакамото мора да се потпре на неговите извонредни борбени вештини за да се одбрани од различни непријатели — сето тоа додека го одржува изгледот на обичен човек.
Адаптација на аниме произведена од TMS Entertainment била премиерно прикажана на TV Tokyo во јануари 2025 г. Netflix ги стекнал правата за светско прикажување на серијата, вклучувајќи ја и Македонија.[2]
До декември 2024 г., мангата надминала 7 милиони преписи во тираж.
Remove ads
Содржина
Таро Сакамото некогаш бил неспоредлив платен убиец, легенда во злосторничкото подземје од која се плашат непријателите и се восхитуваат врсниците. Меѓутоа, неговиот живот добива остар пресврт кога се вљубува на прв поглед во Аои, вработена во продавница. Аои му поставува ултиматум: ако сака да биде со неа, ќе мора да го остави своето насилно занимање зад себе и да се заколне дека никогаш повеќе нема да убива. Сакамото се согласува, повлекувајќи се од подземјето за да започне ново поглавје. Двајцата почнуваат да излегуваат, се венчаат, добиваат ќерка по име Хана и на крајот отвораат сопствена семејна продавница во мирниот приградски град.
Години подоцна, Сакамото го прифатил својот едноставен живот, иако неговата некогаш слаба става омекнала поради неговиот седечки начин на живот. И покрај ова, неговата сила и борбени вештини остануваат неспоредливи. Меѓутоа, неговото минато го фаќа додека светот на убијците откриваат каде се наоѓа. Поранешните соперници и противници почнуваат да се насочуваат кон Сакамото и неговото семејство, или барајќи одмазда, или негодувајќи го неговото мирно пензионирање.
Со помош на Шин Асакура, телепатски поранешен платен убиец и Лу Шаотанг, снаодлива ќерка на злосторнички шеф, кои и двајцата му се придружуваат како вработени во продавницата, Сакамото мора да се спротивстави на овие немилосрдни закани. Обврзан со строгата политика на Аои за забрана за убивање, тој мора да го заштити своето семејство по секоја цена, додека продолжува да живее како скромен продавач во очите на светот.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads