Дина Станишева

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Дина Станишева (1928, Херсон, СССР), родно име Дина Сергеевна Мухина, е јазичар од Бугарија со украинско потекло и редовен професор на Софискиот универзитет. Во бугарската јавност е позната по нејзините тврдења дека македонскиот јазик е посебен словенски јазик, за што била и прогонувана.

Кратки факти Родена, Националност ...
Remove ads

Животопис

Дина Мухина е родена во Херсон во Украинската ССР во украинско-еврејско семејство. Дина Станишева станала сопруга на Димитар Станишев, политичар од Бугарија со македонско егејско потекло, и е мајка на Сергеј Станишев, поранешен премиер на Бугарија. Димитар Станишев се запознал со Дина за време на неговата посета на Москва, во период кога Дина била студентка по славистика. Поради комунистичките убедувања на Димитар Станишев, тие не се зеле веднаш, се гледале тајно и првиот нивен син бил вонбрачен.

Во 1979 година Станишева започнала да работи во Институт за бугарски јазик. Институтот нешто подоцна направил чистка на кадарот, односно решил да отпушти двајца професори поради т.н. национално предавство бидејќи истите тврделе дека македонскиот јазик е посебен јазик. Дина била една од двајцата професори и поради тоа таа ја изгубила работата и била назначена за професор на Софискиот универзитет на 16 март 1979.[1]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads