Диоптра

From Wikipedia, the free encyclopedia

Диоптра
Remove ads

Диоптра (понекогаш се нарекува и диоптер, од грчки: διόπτρα) ― хеленистички астрономски и геодетски инструмент, кој датира од 3 век п.н.е. Диоптрата била цевка за видување или, алтернативно, прачка со нишан на двата краја, прикачена на држач. Ако е опремена со агломери, може да се користи за мерење на аглите.

Thumb
Диоптра како што е опишано од Херон од Александрија

Употреба

Грчките астрономи користеле диоптра за мерење на положбите на ѕвездите; и Евклид и Гемин ја наведуваат диоптрата во нивните астрономски дела.

Продолжила да биде користена како делотворна геодетска алатка. Прилагодена за геодетство, диоптрата е слична на теодолитот, или геодетскиот транзит, кој датира од шеснаесеттиот век. Тоа е попрецизна верзија на громата.

Постојат некои шпекулации дека можеби бил користен за изградба на Евпалинскиот аквадукт. Наречен „едно од најголемите инженерски достигнувања на античките времиња“, тој е тунел 1.036 метри долг, „ископан низ планината Кастро на грчкиот остров Самос, во 6 век п.н.е.“ за време на владеењето на Поликрат. Меѓутоа, научниците не се согласуваат дали диоптрата била достапна толку рано.[1]

Цела книга за изградбата и геодетската употреба на диоптрата, му дава заслуг на Херон Александриски. Херон бил „еден од најгенијалните инженери и применети математичари во историјата“.

Диоптрата била широко користена за проекти за изградба на аквадукти. Вртењата со завртки на неколку различни делови од инструментот го олеснуваат калибрирањето за многу прецизни мерења

Диоптрата била заменета како геодетски инструмент со теодолитот.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Дополнителна книжевност

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads