Дримколска Клисура
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дримколската Клисура претставува импозантна клисура во Македонија која се протега по тркот на реката Црн Дрим. Се протега во должина од 28 км, помеѓу утоката на реката Лениште до поранешната утока на Радика. Стрмните долински страни Црн Дрим ги изградила помеѓу западните ограноци на Караорман и на Стогово, а источните на планината Јабланица. Денес Дримколската Клисура е заезерена со изградба на двете познати вештачки акумулации: Шпилје и Глобочица. Единствено само под браната Глобочица се формира краток речен тек. Клисурестите страни се дисецирани со долините на повеќе кратки речни текови кои имаат голем наклон и при утоката во езерото формирале наноси. Низ клисурата минува регионалниот пат Струга – Дебар.[1]
Заезерувањето на Дебарското Езеро на отворот на клисурата на север
Заезерувањето на езерото Глобочица на отворот на клисурата на југ
- За други значења на поимот Дримкол, видете на појаснителната страница
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads