Европа (римска провинција)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Европа ― римска провинција во рамките на Диецезата Тракија.

Remove ads
Историја
Основана од римскиот император Диоклецијан (284–305),[1] провинцијата во голема мера одговара на она што е денешна европска Турција. Главниот град на покраината првично бил Аркадиопол, а потоа и Перинт (подоцна познат како Хераклеја; денешен Мармара Ерелиси).
Граничела само со провинциите Родопи и Хемимонт на запад и северозапад, Европа била полуостров и беше опкружена со вода од три страни: Црното Море на североисток, Босфорот на исток и Мраморното Море и Егејското Море на југ и југоисток.
Најголемиот град покрај Црното Море бил Салмидес. По должината на брегот на Мраморното Море се наоѓале градовите Перинт (главниот град; подоцна познат како Хераклеја), Селимбрија, Рајдест и Калипол. На брегот на Егејското Море и на устието на реката Марица (Хебрус) во Меласкиот (Сароскиот) Залив се наоѓал градот Енус.
Remove ads
Наводи
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads