Езерски галеб
вид птица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Езерски галеб или речен галеб (науч. Chroicocephalus ridibundus) — мал галеб кој се гнезди во поголем дел од Европа и Азија, како и во крајбрежниот дел на источна Канада. Поголем дел од популациите се преселнички, зимуваат далеку на југ, но некои птици во поблагите западни области на Европа се станарки. Како и со повеќето други галеби, претходно овој вид бил сместуван во родот Larus.
Remove ads
Опис
Овој галеб е долг 38-44 см и има распон на крилјата од 94-105 см. Во сезоната на парење главатa и вратот на птицата се чоколаднокафеави, темето и стомакот се бели, врвовите на пердувите за летање се црни, а останатите делови од телото се сиви. Вон сезоната на парење, главата е бела, со 2 мали кафени точки кај очите.
Живеалиште и исхрана
Речниот галеб живее во големи јата и густи колонии составени од илјадници парови, често и со други видови галеби. Останува во колонијата и за време на размножувањето. Тогаш бара места крај мочуришта и езера со богата водна растителност. Останатото време го минува во депонии, рибници, канали и сл. Сака плитки, мирни води и влажни места. Овие галеби, како и другите, јадат сè. Водни и сувоземни инсекти, риби, црви, мекотели, ракови, глодачи, а понекогаш и семиња. Јадат остатоци од храната на луѓето.
Размножување
Гнездата им се грубо изградени и поставени директно на земја, послани со суви гранки. Ако се блиску до вода тогаш се конусни или поставени на повискоко за да не се намократ. Женката несе 2-4 маслинестокафеави јајца, испрскани со сиви и црно-кафени точки. Ги инкубираат и двата родитела во период од 22 до 24 дена. Малечките ги хранат со полусварена храна. По десетина дена малечките првпат излегуваат од гнездото.
Remove ads
Статус
Бројот на овие птици се намалува, но падот не е многу брз за да предизвика тревога. Во 2006 година во светот имало 4.800.000 до 8.900.000 птици од овој вид. Јајцата на овие птици во Велика Британија се сметаат за деликатес и се јадат тврдо варени.[2][3]
Галерија
- Возрасна единка, вон сезона на парење
- Возрасен, во сезона на парење, детаљ на главата
- Возрасен, во сезона на парење
- Младенче
- Museum specimen
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
