Живино-манганска ѕвезда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Живино-манганска ѕвезда (HgMn-ѕвезда) — вид хемиски необична ѕвезда со изразена спектрална линија на 398,4 нм поради впивање од јонизирана жива.[1] Овие ѕвезди се од спектрален тип B8, B9 или A0, зависно од површинската температура која се движи од 10.000 до 15.000 K. Имаат две својствени особености:
- Атмосфера со необично многу фосфор, манган, галиум, стронциум, итриум, циркониум, платина и жива.
- Отсуство на силно диполно магнетно поле.
Нивното вртење е релативно мало, и поради тоа нивната атмосфера е релативно мирна. Се смета (иако не е докажано) дека некои видови на атоми тонат под дејство на гравитацијата, а други се издигаат кон надворешноста на ѕвездата по дејство на зрачен притисок, што ја прави атмосферата разнородна.[2]
Remove ads
Список
Ова е список на најсјајните ѕвезди од оваа група.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads