Загрепска искачница

искачница во Загреб, Хрватска From Wikipedia, the free encyclopedia

Загрепска искачницаmap
Remove ads

Загрепска искачница (хрватски: Zagrebačka uspinjača) — искачница во градот Загреб управувана од Загрепски електричен трамвај (ЗЕТ), сместена на улицата Томиќ, поврзувајќи ги улиците Илица (Долен град) со Штросмајеровото шеталиште на север (Горен град).

Thumb
Поглед на кабините на искачницата
Thumb
Поглед на искачницата од улицата „Томиќ“

Нејзината пруга изнесува 66 метри и со тоа е една од најкратките искачници во светот.[1] Искачницата била изградена во 1890 година и била во употреба од 23 април 1893 година. Првично имала парни мотори, кои биле заменети со електрични во 1934 година.[2] Со цел да се зачува нејзиниот првобитен изглед, градбата и повеќето технички делови, добила правна заштита со прогласувањето на споменик на културата.[1]

Remove ads

Технички одлики

Има две кабини со по 28 патници секоја (16 седишта и 12 места за стоење). Кабините се долги 5,640 метри и тежат 5,05 тони, кога се празни. Секоја кабина пренесува до 2.240 килограми. Електричниот мотор е во северната (горна) станица. Има трафостаница од 28,5 киловати, работи на 400 волти еднонасочна струја, со 720 вртежи во минута. Искачницата се движи по пруга од 1200 мм, а нејзината должина е само 66 метри, додека висинската разлика изнесува 30,5 метри, што значи наклон од 52%. Ова ја прави една од најкратките, а истовремено и една од најстрмните искачници во светот. Вози со 1,5 м/с и му треба 55 секунди да го помине растојанието.[3]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads