Загрозен јазик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Загрозен јазик е јазик на кој му прети опасност да биде сосема изумрен или да не се користи за секојдневна комуникација. Вкупниот број на јазици во светот е непознат. Проценките варираат во зависност од тоа кои фактори влијаат врз истите. Мајкл Краус проценува дека во светот има околу 6.000 јазици кои се во активна употреба во 2007.[1] Оваа проценка е исто така користена и од УНЕСКО.[2] Краус исто така наведува дека еден јазик може да се смета за „безбеден“ ако истиот го зборуваат деца во наредните 100 години, загрозен се смета тој јазик кој нема да биде зборуван од деца во наредните 100 години и речиси изумрен се смета тој јазик кој не се зборува од деца.[1]

Remove ads

Утврдување на загрозеност

Иако нема јасни критериуми за одредување кој јазик е загрозен, сепак се земаат предвид следните општи критериуми:

  1. бројот на луѓе што го зборуваат јазикот,
  2. возраста на главната група на луѓе кои го зборуваат јазикот, и
  3. процентот на најмладото население кое го изучува засегнатиот јазик.

Така на пример, некои јазици во Индонезија, иако имаат илјадници говорници, сепак можат да се сметаат за загрозени бидејќи децата не го изучуваат јазикот, а возрасното население е во процес на јазична замена со индонезискиот јазик. Спротивно на ова, ако има јазик со само 100 говорници, истиот може да се смета за доволно жив бидејќи јазикот го зборуваат и изучуваат претежно деца.

УНЕСКО ја дава следната дефиниција за загрозен јазик: загорзен јазик е тој јазик кога говорниците сè помалку го користат, кога јазикот се користи само во одредени сфери и кога јазикот не се пренесува од колено на колено. Така, нема нови говорници, возрасни или деца.[2]

Според атласот на УНЕСКО за загрозени јазици, 2.500 јазици се поделени во пет категории на загрозеност: ранливи, дефинитивно загрозени, тешко загрозени, критично загрозени и изумрени.[3]

Другата публикација на УНЕСКО, Црвена книга на загрозени јазици, ја користи следната класификација: „можно загрозени“, „загрозени“ и „лошо загрозени“.[4]

Remove ads

Степен на загрозеност

Thumb
Степени на загрозеност според УНЕСКО

УНЕСКО ја утврдила следната скала на загрозеност на јазиците[5]:

  • ранлив;
  • дефинитивно загрозен;
  • тешко загрозен;
  • критично загрозен;
  • изумрен.
  • О — оживеан јазик

Јазично оживување

Јазично оживување е процес кој се спроведува од некоја организација, општествена или културна група, влада или политичка организација за оживување или зголемување на бројот на говорници на некој одреден јазик. Најчесто јазиците чиј број на говорници опаѓа се класифицирани како загрозени, мртви или изумрени јазици. Во такви случаи, целта на јазичното оживување е да го зачува јазикот како средство за комуникација. Иако овој процес зависи од инволвираните страни или политичката и општествена околност, најчесто целта на овој процес е да се овозможи еден јазик да стане повторно активно зборуван. Овој процес е спротивен на јазичното изумирање. Добро познати примери за јазично оживување се хебрејскиот јазик, белорускиот јазик, корнишкиот јазик, манскиот јазик, шкотскиот јазик, ирскиот јазик итн.

Македонија

Според атласот на УНЕСКО, во Македонија има седум загрозени јазици, и тоа:

Наводи

Дополнителни информации

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads