Западна Морава
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Западна Морава (српски: Западна Морава) — река во Централна Србија со должина од 308 км, која, заедно со Јужна Морава ја прави Голема Моравија.
Remove ads
Извори
Западна Морава настанува во полето Ташти, источно од Пожега, од реките Голијска Моравица и Ѓетиња. Во ова поле во Ѓетиња од левата страна се влева Скрапеж, но на помалку од еден километар од устието на Скрапеж, Ѓетиња се спојува со Голијска Моравица, создавајќи ја Западна Морава. Мерено од изворот на Голијска Моравица, Западна Морава е со должина од 308 км, додека должината само на Западна Морава е 208 километри.
Remove ads
Тек

Економија
Долината на Западна Морава, Западно Поморавје, економски е најразвиена од долините на трите Морави. Со долината на Ибар, Западна Морава има голем потенцијал за производство на електрична енергија (хидроелектраните Овчар Бања и Меѓувршје). Водата исто така се користи за наводнување, и за таа намена на реката е создадено вештачкото езеро Парменац, помагајќи му и на така плодниот регион (житарки, овоштарници). Покрај тоа, од долините на трите Морави, долината на Западна Морава е најпошумена.
Особености
Во Западна Морава вкупно се влеваат 85 притоки. Реката била подолга (319 км), но поради регулацијата на протокот, таа е скратена. Западна Морава има просечен проток, од 125 метри кубни во секунда, но се одликува со екстремни колебања, кои од своја страна предизвикуваат големи поплави. Сливот на Западна Морава е 15.849 квадратни километри (42,3 % од целиот слив на Голема Морава), припаѓа на црноморскиот слив, а самата река не е пловна.
Remove ads
Галерија
Поврзано
Литература
- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads