Захариј Ерусалимски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Захариј Ерусалимски бил Патријарх на Ерусалим и христијански светец.

Во времето на императорот Ираклиј I, сасанидскиот цар Хозрој го зазел градот Ерусалим, во 614 година. Според христијанските верувања во тоа време бил во Персија однесен и Вистинскиот Крст, а заедно со него како заложник бил однесен и самиот Захариј. Захариј oстанал 14 години во ропство. Подоцна Ираклиј го приморал персискиот цар да го врати Чесниот Крст со патријархот и преостанатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесол Крстот на својот грб во светиот град. Oстанатите свои денови св. Захариј ги поминал во мир. Починал во 631 година[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 21 февруари.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
