Златко Портнер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Златко Портнер (Рума, 16 јануари 1962 - 23 септември 2020 ) — српски и југословенски ракометар. Тој е татко на ракометниот голман Никола Портнер кој настапува за Швајцарија.

Кратки факти Лични податоци, Роден(а) ...
Remove ads

Кариера

Ракометната кариера ја започнал во РК Слога од Хртковац, потоа се преселил во Црвенка и продолжил да игра во Металопластика од Шабац, кој бил еден од водечките југословенски клубови во тоа време. Портнер и Веселин Вујовиќ го сочинуваа таканареченото „волшебно дуо“ на Металопластика. По Шабац заминал во Барселона со која ја освоил Лигата на шампионите на ЕХФ. Кариерата ја продолжил во Венисје, Франција. Последните години од кариерата ги поминал во Берн и Зофинген, Швајцарија. По Зофинген се вратил во Берн каде ја завршил кариерата. Покрај титулата со Барселона, Портнер освоил уште две европски шампионски титули со Металопластика (1985 и 1986 година). Второ место освоил во 1984 година со Металопластика, а во финалето загубиле од Дукла.[1]

Починал во септември 2020 година. во Швајцарија.[2]

Remove ads

Репрезентација

Портнер бил член на југословенската репрезентација која освоила злато на Светското првенство во 1986 година и бронза на Олимпијадата во 1988 година. Настапил на Светското првенство во 1990 година каде Југославија го освоила четвртото место, губејќи го мечот за бронза од Романија.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads