Змијањски вез
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Змијањски вез — специфична техника на вез што ја применуваат жените од Змијање, Република Српска, Босна и Херцеговина. Змијањскиот вез во 2014 година е вклучен во репрезентативниот список на нематеријалното културно наследство на човештвото со одлука на УНЕСКО.
Remove ads
Опис
Змијање е подрачје во северозападна Босна и Херцеговина. Тамошниот вез се смета за најстар облик на вез на Балканскиот Полуостров. Се користи техника на вкрстен бод. Бојата е секогаш темносина.
Според официјалниот опис на УНЕСКО, тоа го применуваат жените во Змијање. Се користи за украсување женска облека, венчаници, шалови и постелнина. Се везе во групи, при што везачките разговараат и заедно пеат. Знаењето се предава усно и формално, од колено на колено. Техниките се повторуваат, но понекогаш повторно се измислуваат со секој вез. Избраните шари, нивната разновидност, ја одредуваат општествената положба на носителите.
Remove ads
Признавање
Во 2014 година ова везење е вклучено во репрезентативниот список на нематеријалното културно наследство на човештвото под наслов „Змијањски вез“. УНЕСКО, во својот официјален опис, ја евоцира емотивната природа на овој вез, особено за раселеното население, како и „почитувањето на различноста, креативноста и невербалната комуникација“. Се додава дека се мобилизирани повеќе културни аспекти како занаетчиството, музиката, како и усното пренесување[1].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads