Знаме на Руанда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Знамето на Руанда е официјалното знаме на оваа африканска држава, усвоено на 25 октомври 2001. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во сина, жолта и зелена боја, од кои зелената и жолтата се помали, а сината поголема лента. На сината лента има приказ на сонце во посветла жолта боја. Сината боја симболизира мир и среќа, жолтата симболизира економски развој и зелената симболизира надеж и просперитет. Сонцето претставува просветување.[1] Знамето било дизајнирано до Алфонс Киримобенекјо.
Remove ads
Историски знамиња
Старото знаме било составено од три вертикални ленти во црвена, жолта и зелена боја со буквата R во средина. Буквата била поставена за да се разликува од сличното знаме на Гвинеја. Тоа знаме потекнувало од знамето на Етиопија, каде боите претставувале мирот, надежта за развој и народот. Бидејќи ова знаме потсетувало на геноцидот во Руанда, истото било променето.[1]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads