Зуење во ушите

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зуење во ушите
Remove ads

Зуење во ушите (латински: Tinnitus) е симптом што се јавува кај лицата кои подолго време биле изложени на бучава, но може да биде и придружен симптом на бројни заболувања. Тинитус е звук кој се јавува во внатрешното уво, а истовремено претставува и моментна психичка состојба на чувство на присуство на звук во ушите и во главата без да постои реален извор на звук во околината. Пациентите различно го опишуваат тинитусот: како гласен звук, зуење, силна позадинска бучава, ѕвонење, пиштење, пулсирање или шушкање.[1] Според одредени процени, околу 20% од населението страда од тинитус. Инаку, името „тинитус“ на латински значи ѕвонење или зуење како ѕвонче.

Thumb
Симбол за опасност од губење на слухот заради бучава
Remove ads

Видови тинитус

Постојат неколку типови тинитус:[1]

  • целосен тинитус, кој се нарекува ѕвонење во ушите, а претставува постојан звук како одредена нота која се повторува
  • пулсирачки тинитус чиј звук се јавува со прекини или пулсира во ритамот на чукањето на срцето
  • тинитус со наизменичен и пискав звук на ѕвонење или ѕуење
  • тинитус чиј звук се поистоветува со типкање како Морзеовата азбука, односно како сигнал еднаков на еден музички тон
  • тинитус со неколку различни тонови кои се јавуваат истовремено како музика
Remove ads

Причини

Зуењето во ушите не е болест, туку симптом. Најчесто, станува збор за безопасен симптом, предизвикан од подолга изложеност на силна бучава. Сепак, тинитусот може да биде придружен симптом на бројни заболувања, во пред ред на надворешното, средното и внатрешното уво. Исто така, зуењето во ушите може да биде симптом на васкуларни нарушувања или патолошки промени во околните структури, а може да се појави и како последица на ототоксични лекови.[2]

Remove ads

Терапија

Според препораките на Здружението за тинитус, во акутната фаза на зуењето во ушите се препорачуваат лекови што ја подобруваат циркулацијата во увото. Исто така, според одредени истражувања, во лекувањето на зуењето во ушите има екстрактот на гинкото, особено ако се зема препорачаната доза во подолг временски период.[1] [2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads