Илинденска споменица

Орден за залуги во илинденското востание From Wikipedia, the free encyclopedia

Илинденска споменица
Remove ads

Илинденската споменица — македонско одликување востановено од Народното собрание на Народна Република Македонија.[1] Споменицата популарно е наречена „Илинденка“. Доделена е во 1951 година на преживеаните илинденци по повод 50-годишнината од Илинденското востание.

За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница
Кратки факти Илинденска споменица, Доделена за ...
Remove ads

Опис

Thumb
Изгледот на Илинденската споменица

Илинденската споменица е на квадратна основа со пречник од 60 мм. Основната површина била изработувана од позлатен никел и истата е во форма на радијални зраци кои стигнуваат до надворешниот раб на споменицата и се назабени. Круг, со пречник од 60 мм, е вметнат во основната површина, и истиот се состои од две ловорови гранки поврзани на дното. Во кругот има релјеф на борци илинденци, изработуван од посребрен никел. Борците се во борбен строј и со пушки во рацете. Среде споменицата има релјеф на борец од Илинденското востание, кој се издвојува како централна фигура. Борецот носи штик и два реденика, од кои едниот се протега од левото рамо преку градите, а другиот околу појасот на борецот. Борецот во десната рака го држи развеано знамето на востанието, кое го покрива горниот дел од вметнатиот круг. На дното на вметнатиот круг, каде што се поврзани ловоровите гранки, стои натпис со големи кирилични букви: „Илинден 1903“. Вметнатиот круг, борците, централната фигура и натписот биле изработувани од чисто сребро. Лицето на споменицата е испупчено.[2]

Remove ads

Критериуми

Илинденската споменица се доделувала на:

  • лица кои во национално-револуционерното движење и борбата за ослободување на македонскиот народ работеле како организатори или раководители;
  • лица кои во тоа движење и во таа борба со оружје в раце како борци непосредно учествувале во оружени судири со војска, полиција, потери и други наоружани одреди организирани од непријателот со цел да се сузбие и угуши движењето и борбата;
  • лица кои по наредба од организаторите и раководителите на движењето и борбата вршеле специјални задачи и акции во полза на движењето и борбата;
  • лица кои на друг начин лично стекнале особени заслуги за движењето и борбата или постигнале особени успеси во движењето и борбата за ослободување на македонскиот народ;[1]
Remove ads

Добитници

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads