Имамзаде Халил-паша
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Имамзаде Халил-паша, познат и како Османчишки Имамзаде Халил-паша, (починал во 1413 ) — отомански државник, кој бил Голем везир во периодот од 1406 до 1413 година.[1]
Remove ads
Животопис
Имамзаде Халил-паша се родил во Османџик, во северниот дел на Анадолија, како син на Хајдар-паша.
Во 1402 година, средноазискиот владетел Тамерлан со огромни сили навлегол во Анадолија и тешко ја поразил отоманската војска во Битката кај Ангора. Султанот Бајазит I бил заробен и починал во заробеништво следната 1403 година.
По заробувањето и смртта на султанот Бајазит I, неговите сунови Сулејман, Муса, Иса и Мехмед започнале меѓусебна борба за власта.
Имамзаде Халил-паша најпрво ја извршувал функцијата беглербег на Анадолија, а на 18 декември 1406 година, султанот Мехмед I го назначил за Голем везир.
Неговиот син, Коџа Мехмед Низамудин-паша, исто така ја извршувал функцијата Голем везир.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads