Индиска Плоча

тектонска плоча From Wikipedia, the free encyclopedia

Индиска Плоча
Remove ads

Индиска Плоча — помала тектонска плоча што го опчекорува екваторот на источната полутопка. Првобитно била дел од древниот континент Гондвана, а потоа се отцепила од другите делови на континентот пред 100 милиони години и почнала да се движи на север, со себе носејќи ја Островска Индија.[1] Некогаш била сврзана со соседната Австралиска Плоча образувајќи една Индоавстралиска Плоча; поновите изучувања покажуваат дека овие две плочи се одвоиле пред барем 3 милиони години.[2] Индиската Плоча ја опфаќа речиси сета Јужна Азија (Индискиot Потконтинент) и дел од Индискиот Океан, вклучувајќи делови од јужна Кина, западна Индонезија,[3][4] и се протега сè до Ладак, Кохистан и Белуџистан, но не ги вклучува.[5][6][7]

Кратки факти Индиска Плоча, Вид ...
Remove ads

Движења на плочата

Thumb
Поради тектониката на плочите, островска Индија, сместена врз Индиската Плоча, се одвоила од Мадагаскар и се судрила (пред 55 мг) со Евроазиската, со што настанале Хималаите.

Сè до пред 140 милиони години, Индиската Плоча била дел од суперконтинентот Гондвана, заедно со денешна Африка, Австралија, Антарктикот и Јужна Америка. Гондвана се распаднала кога овие континенти се оддалечиле со различни брзини;[8] во овој процес се отворил Индискиот Океан.[9]

Во доцната креда, пред 100 милиони години и по расцепувањето на Гондвана, Индиската Плоча се одвила од Мадагаскар и со тоа се создала Островска Индија. Таа почнала да оди на север во стапка од 20 см годишно,[8] и се смета дека почнала да се судира со Азија пред 55 милиони години,[10] во еоценската епоха на кенозоикот. Меѓутоа, некои стручњаци сметаат дека судирот помеѓу Индија и Евроазија се случил многу подоцна, пред 35 милиони години.[11] Ако судирот се случил пред 55-50 милиони години, Индиската Плоча би пропатувала растојание од 3.000 до 2.000 км, движејќи се побрзо од било која плоча.

Во 2007 г. германски геолози[8] изложиле мислење дека Индиската Плоча се движела толку бргу поради тоа што таа е двојно потенка (100 км) од другите плочи[12] кои првично ја сочинувале Гондвана. Плаштовата перјаница која ја распарчила Гондвана може да го стопила долниот дел на Индискиот Потконтинент, што би овозможило побрзо движење и помсетување на подолги растојанија.[8] Остатоците од оваа перјаница денес ги сочинуваат Марионската (Острови на Принцот Едвард), Кергеленската и Реинионската Врела Точка.[9][13] Како што Индија се движела на север, можно е Индиската Плоча уште повеќе да се истенчувала минувајќи врз врелите точки и магматски истисоци во Деканските и Таџмахалските Трапови.[9] Постои теорија дека огромните количества на вулкански гасови ослободени при минувањето на Индиската Плоча преку врелите точки играле улога во Кредно-палеогенското изумирање, кое начелно се смета дека е последица од голем астероиден удар.[14]

Меѓутоа, во 2020 г. геолозите од Оксфордскиот универзитет и Институтот „Алфред Вегенер“ заклучиле дека новите модели на плочно движење покажуваат зголемени брзини кај сите средноокеански гребени за време на доцната креда, што е противречно на тековните теории за тектониката и побивање на хипотезата за истисок од перјаница. Перес-Дијас заклучува дека забрзаното движење на Индиската Плоча е само привид, предизвикан од големите грешки во времеодредувањето на геомагнетниот пресврт околу Кредно-палеогенската граница; во трудот се вели дека ако ја преиспитаме временската скала, ќе видиме дека немало забрзување.[15][16]

Судирот со Евроазиската Плоча долж границата меѓу Индија и Непал создал орогенетски појас кој ги создал Тибетската Висорамнина и Хималаите со натрупување на талогот како земја кога се ора со плуг.

Индиската Плоча моментално се движи североисточно со стапка од 5 см годишно, а Евроазиската Плоча се движи на север со само 2 см годишно. Ова предизвикува изобличување на Евроазиската Плоча, додека пак Индиската Плоча се набива со стапка од 4 мм годишно.

Remove ads

Географија

Западната страна на Индиската Плоча има трансформна граница со Арапската Плоча наречена Овенов Прелом, како и раздвојувачка граница со Африканската Плоча наречена Средноиндиски Гребен. Северната страна на плочата е приближувачка граница со Евроазиската Плоча каде се образувани Хималаите и венецот Хиндукуш, наречена Главен Хималајски Потисок.

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads