Иљја Мечников
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иљја Илич Мечников (руски: Илья́ Ильи́ч Ме́чников) (15 мај [ст. ст. 3 мај] 1845 – 15 јули 1916) — руски зоолог, најпознат по неговото пионерско истражување во областа на имунологијата.[1][2][3]
Особено, тој е заслужен за откривањето на фагоцитите (макрофагите) во 1882. За ова откритие се испостави дека е главниот одбранбен механизам во вродениот имунитет.[4] Тој и Паул Ерлих заедно ја добиле Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1908 „како признание за нивната работа во врска со имунитетот“.[5] Според некои извори тој иста така е заслужен за составување на терминот геронтологија во 1903, за новата наука за стареењето и долговечноста.[6][7] Тој го вовел концептот на клеточно-посредуван имунитет, додека Ерлих го вовел концептот на хуморален имунитет. Нивната работа се смета за основа на науката имунологија.[8] Во имунологијата, тој го добил епитетот „татко на природниот имунитет“.[9]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
