Кара Мурат-паша

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кара Мурат-паша или Кара Дев Мурат-паша, буквално храбриот џин Мурат-паша(1595 - 1655) — отомански албански државник и воен офицер. Тој служел како капудан-паша и двапати како голем везир. Неговиот епитет Кара („црн“) се однесува на неговата храброст и Дев („џин“) на неговата физичка големина.

Кратки факти Голем везир на Отоманското Царство, Монарх ...
Remove ads

Почетоци

Мурат бил од албанско потекло. Тој се истакнал уште од самиот почеток на Критската војна меѓу Отоманското Царство и Венецијанската Република. Тој имал најразлични родови во јаничарските воени сили (професионални одреди кој биле јадрото на отоманската армија), и во 1648 година, кога на престолот бил поставен Мехмед IV, тој бил назначен за командант на јаничарските одреди (турски: Yeniçeri ağası).[1] Кога отоманската морнарица била поразена од Венеција при Фокијската битка на 12 мај 1649 година, за поразот бил обвинет големиот везир Софу Мехмед-паша, и на 21 мај тој бил заменет со Кара Мурат-паша. Мурат наредил Софу Мехмед-паша да се изгони а подоцна и го погубил.

Remove ads

Првпат како голем везир

Во периодот кога Мурат бил назначен за голем везир, султанот имал само седум години и двете Валиде султани (неговата мајка Турхан Хатиџе и баба Ќосем), кои владеле во негово име биле во меѓусебна борба за превласт. Ќосем го поддржувала Мурат, но Турхан Хатиџе била против него. Дополнително, водачите на јаничарите, совојниците на Мурат, исто така не го поддржувале. Чувствувајќи дека неговиот живот е во опасност, Мурат се повлекол на 5 август 1650.[2] По негов совет, тој бил наследен од Мелек Ахмед-паша.

По неговото повлекување, Мурат бил назначен за управник на Будимскиот Пашалук (современа Будимпешта, Унгарија). Во 1653 година, се вратил во Истанбул и бил назначен за капудан- паша (голем адмирал) и бил задолжен за преносот на засилувања и муниција до Крит преку море. Венецијанската морнарица ги блокирала Дарданелите во тој период, но Мурат успеал да ги порази венецијанците и ја пробил блокадата Прва Дарданелска битка.[1]

Remove ads

Вторпат како голем везир и смрт

Мурат повторно бил назначен за голем везир на 11 мај 1655 година. Неговото второ назначување траело кус период; поради големите економски проблеми и противењето на јаничарите, тој повторно се повлекол на 19 август 1655 година. Тој по ова бил назначен за управител на Дамаск во Сирија, но на пат кон градот, тој се разболел и починал. Во период на петте години меѓу неговите две назначувања како голем везир, имало дури шест различни паши, што укажува на фактот дека Отоманцкото царство во тој период било политички нестабилно.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads