Каљао
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каљао (шпански: Callao) е најголемо и најзначајно пристаниште во Перу. Градот е дел од Уставната покраина Каљао која воедно е и единствена покраина во регионот Каљао. Каљао се наоѓа западно од Лима и е дел од метрополитенската област Лима. Оваа метрополитенска област е составена од Каљао и Лима и во неа живее една третина од населението на државата. На север, исток и југ се наоѓа покраината Лима, а на запад Каљао излегува на Тихиот Океан.
Remove ads
Окрузи
Калао е поделен на шест окрузи, каде секој округ е управуван од градоначалник. Окрузите на Каљао се:
- 1 Белависта
- 2 Каљао (Центар)
- 3 Кармен де ла Легуа Рејносо
- 4 Ла Перла
- 5 Ла Пунта
- 6 Вентанила
* Остатокот од регионот Каљао е составен од островите Сан Лоренцо, Ел Фронтон и Кавинзас кои имаат околу 17.63 км2.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads