Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 - плејоф (КОНКАКАФ - АФК)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018 – плејоф (КОНКАКАФ–АФК) било фудбалско натпреварување, односно два натпревари од дополнителните квалификации помеѓу победникот од 4. круг квалификации на АФК конфедерацијата Австралија, и четвртопласираната репрезентација од 5. круг квалификации од КОНКАКАФ конфедерацијата Хондурас. Натпреварите од баражот се одиграле на 10 и 15 ноември 2017 година.[1] Австралија победила со вкупен резултат 3–1 и се квалификувала за Светското првенство.
Remove ads
Преглед
Австралија шести пат настапила во дополнителен интерконтинентален бараж на квалификации за Светско првенство. Првпат во интерконтинентален бараж Австралија настапила 1985 каде била поразена од Шкотска. Во баражот за Светското првенство 1994, Австралија најпрво била поуспешна од Канада, а потоа загубила од Аргентина со вкупен резултат 2–1. Четири години подоцна, кенгурите ниту овој пат не успеале да се квалификуваат на Светското првенство 1998, каде сега во баражот биле поразени од Иран. Иако двата натпревари завршиле со нерешен резултат 1–1 и 2–2 Иран се квалификувал за Светското првенство поради правилото за повеќе постигнати голови во гости. Во квалификациите за Светското првенство 2002 во интерконтиненталниот бараж Австралија играла против Уругвај. Иако во првиот натпревар Австралија победила со резултат 1–0 во вториот натпревар Уругвај остварил убедлива победа со резултат 3–0 и се пласирал на Светско првенство. Четири години подоцна исти двобој Уругвај и Австралија повторно се сретнале во баражот. Овој пат Австралија била поуспешна по изведување на пенали во реваншот на домашен терен. Во двата натпревари домаќините оствариле идентични победи со резултат 1–0. За разлика од Австралија, за Хондурас ова бил прв интерконтинентален бараж.[2]
Remove ads
Натпревари
Прв натпревар
![]() |
|
Помошни судии:
|
Втор натпревар
|
![]() |
Помошни судии:
|
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads