Коронална дупка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Коронална дупка
Remove ads

Короналната дупка е привремен регион од релативно ладна, поретка плазма во Сончевата корона каде што линиите од магнетното поле на Сонцето се отвораат кон меѓупланетарниот простор,[1][2] Во споредба со вообичаеното затворено магнетно поле на короната кое формира лак помеѓу регионите со спротивен магнетен поларитет, отвореното магнетно поле од короналната дупка му овозможува сончевиот ветар да побегне во вселената во значително повисоки стапки. Поради ова се намалува температурата и густината на плазмата на местото каде што се наоѓа короналната дупка, и се зголемува брзината на просечниот сончев ветар измерен во меѓупланетарниот простор.[3]

Thumb
Кога се гледаат под крајноултравиолетово зрачење, короналните дупки можат да се видат како релативно темни дамки во короната на Сонцето. На сликава, има голема коронална дупка на северната полутопка.
Remove ads

Откривања

Во 1960-тите, короналните дупки се појавиле на рендгенски снимки направени од ракетна сонда и на радио брановите должини од Сиднеј Крис Крос радио телескопот, но тогаш не било јасно што се тие всушност. Нивната природа била осознаена во 1970-тите кога телескопите со Х-зраци во мисијата Скајлаб биле префрлени над Земјината атмосфера за да се открие структурата на короната.[3][4]

Сончев циклус

Thumb
Коронална дупка на северниот пол на Сонцето забележана со рендгенски зраци.

Големината на короналната дупка и нивниот број зависат од сончевиот циклус . Кога Сонцето се движи кон сончевиот максимум, короналните дупки се приближуваат се поблиску и поблиску до половите на Сонцето.[4] За време на сончевиот максимум, бројот на короналните дупки се намалува додека магнетните полиња на Сонцето се враќаат. Потоа се појавуваат нови коронални дупки во близина на новите полови. Короналните дупки потоа растат во големина и по број, движејќи се подалеку од половите додека Сонцето се приближува кон сончевиот минимум.[5] На северниот и јужниот пол на Сонцето има постојани коронални дупки.[1]

Remove ads

Коронални дупки и сончев ветар

Короналните дупки, во принцип, испуштаат сончев ветар со брзина околу двојно поголема од просечната.[4] Познато е дека сончевиот ветер што се ослободува од Сонцето патува низ отворените линии на магнетното поле кои минуваат низ областа на короналната дупка.[5] Бидејќи короналните дупки се региони во короната на Сонцето кои имаат многу помала густина и температура од поголемиот дел од короната, овие области се многу ретки. Оваа проретченост му овозможува на сончевиот ветер да се ослободи од Сонцето затоа што честичките во хромосферата можат многу полесно да се пробијат.

Влијание врз времето во вселената

За време на сончевите минимуми, короналните дупки се основните извори на временски нарушувања во вселената. Обично, геомагнетнитепротонските) бури кои потекнуваат од короналните дупки започнуваат постепено (потребни се неколку часови) и не се толку силни како бурите предизвикани од коронални исфрлања на маса, кои обично се појавуваат одненадеж. Поради фактот што короналните дупки може да траат неколку месеци, честопати е можно да се предвидат геомагнетните бури многу порано отколку оние нарушувања на Сончевата површина поврзани со короналните исфрлања на маса.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads