Крали Марко (повест)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

„Крали Марко“повест за животот на Крали Марко — роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1991 година. Пишувана била од 1989 до 1990 година.

Кратки факти Автор, Земја ...

Содржинa

Повеста се состои од 21 глава, а дејствието го раскажува омнисцентен раскажувач. Воведот го дава на почетокот авторот, пишувајќи за историската личност на кралот Марко, но и за Марко од народното творештво. Тој кажува дека народните приказни се тие кои го инспирирале да ја напише повеста за славниот крал од преданијата.[1]Крали Марко е романизирана биографија на кралот Марко, каде Видое Подгорец повторно се јавува како ненадминат раскажувач на животот на историски и ликови од епските песни и од народните приказни. Тој вешто ги спојува историските факти со надреалното од приказните, вметнувајќи и стихови од народните епски песни во раскажувањето, како збогатување на изразот, но и поткрепа на приказната која со неговиот ненадминат стил звучи современо и примамливо за младиот читател.

Remove ads

Изданија на книгата

Повеста „Крали Марко“ го има своето прво издание во 1991 година. Во изданието има и речник на помалку познати зборови. Книгата била објавена како издание на издавачката куќа: „Детска радост“. [2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads