Кременска Река
река во Општина Банско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кременска Река или Лакинска Река (бугарски: Кременска река, Лъкинска река) — река во Северен Пирин, на територијата на Општина Банско, Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 12 км и го носи името на селото Кремен, низ чиј атар минува.[1]
Река започнува од атарот на с. Кремен во месноста Ајдучки Кладенец (Харамибунар), североисточно од врвот Човеко. Тече на исток и јужно од селото се влева во десниот брег на Места.
Најголема притока е реката Старите Чаркови (десна). Сливот на Кременска Река зафаќа 25 км2 и има средна надморска височина од 1.325 м. Се напојува од дожд и снег; најполноводна е напролет, а најслабоводна е лете и наесен.[1]
Во Кременска Река се забележуваат мрената и речната пастрмка. Долината е всечена во гранити. Во горниот дел, поречието е пошумено со бел бор, муника и смрча, во средниот со бука и бел бор, а во долното течение со благун, габер и црн бор.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads