Кременски Езера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кременските Езера ― ледничка езерска група во планината Пирин, Пиринскиот дел на Македонија, Бугарија составена од две поголеми и две помали езера сместени во тесен, но истакнат цирк со исто име. Тие се опкружени со врвовите Сиврија и Џано и Кременската кота која завршува со врвот Кременски.[1]
- Горното Кременско езеро се наоѓа на 2.352 м надморска височина. Неговата големина е 335x270 м што е површина од 66,1 декар. Длабочина е 13,6 м и има значителна количина на вода која се проценува на 478.000 м³.
- Долното Кременско езеро со 2.304 м е најголемо во оваа група езера и второ по големина во Пиринско после Поповото Езеро. Неговата површина е 98 декари. Длабоко е 27 м што го прави третопласиран во планината. Има издолжен облик (500x275 м) и количината на вода е 1.000.000 м³.

Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads