Кулио
американски рапер (1963 ― 2022) From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Артис Леон Ајви Џуниор (англ. Artis Leon Ivey Jr.; 1 август 1963 ― 28 септември 2022),[3] професионално познат како Кулио (англ. Coolio) ― американски рапер. Прво се прославил како член на рап-групата WC и Maad Circle, но поголем успех Кулио постигнал како соло-пејач во 1990-тите по објавување на неговите албуми It Takes a Thief (1994), Gangsta's Paradise (1995) и My Soul (1997).
Негова најпозната песна, за која што добил и Греми во 1995 година, е „Gangsta's Paradise“, а други популарни песни му се: „Fantastic Voyage“ (1994), „1, 2, 3, 4 (Sumpin' New)“ (1996) и „CU When U Get There“ (1997). По 1996 година, Кулио почнал самостојно да ги издава неговите албуми. Тој имал своја емисија на интернет „Готвење со Кулио“ (Cookin' with Coolio) и објавил книга за готвење.
Remove ads
Детство и младост
Артис Леон Ајви Џуниор е роден на 1 август 1963 година во Монесен, Пенсилванија,[4] а најголем дел од детството го поминал во Комптон.[5][6][7] Неговата мајка работела во фабрика, а татко му бил столар. По разводот на неговите родители, кога тој имал осум години, со мајка му се преселиле во Комптон.[8] Во детството страдал од астма. Ајви како момче редовно ја посетувал градската библиотека. Почнал да рапува како тинејџер, и по шпанскиот пејач Хулио Иглесијас го добил прекарот Кулио Иглесијас, кој подоцна го скратил на Кулио.[9] Одлежал затворска казна за кражба.[10] Во 1980-тите станал зависен од крек, но се откажал од дрогата додека живеел со татко му во Сан Хосе.[8] По завршување на колеџ во Комптон, пред да стане рапер, работел како доброволец во противпожарна служба и како чувар на аеродромот во Лос Анџелес.[11][12]
Remove ads
Музичка кариера
Својот прв сингл под наслов „Whatcha Gonna Do?“ Кулио го снимил во 1987 година, а во 1991 година се приклучил на групата WC and the Maad Circle, предводена од раперот WC. Тој соработувал за првиот албум на групата Ain't a Damn Thang Changed, како и за песната „Dress Code“.[13]
Во 1994 година, Кулио потпишал со Tommy Boy Records и го издал својот прв соло албум It Takes a Thief. Водечкиот сингл „Fantastic Voyage“ бил често емитуван на MTV и се искачил на 3-то место на Billboard Hot 100.
Во 1995 година, Кулио ја објавил песната „Gangsta's Paradise“, во која се појавува и R&B пејачката L.V., а била снимена за филмот Опасни умови (Dangerous Minds). Оваа песна станала една од најуспешните рап песни на сите времиња, три недели била на врвот на Billboard Hot 100. Во САД била најголем хит за 1995 година за сите жанрови, а станала и глобален хит на врвот на топ листите на Обединетото Кралство, Ирска, Франција, Германија, Италија, Шведска, Австрија, Холандија, Норвешка, Швајцарија, Австралија и Нов Зеланд. „Gangsta's Paradise“ бил вторт најпродаван сингл во 1995 година во ОК. На Греми наградите во 1996 година, песната на Кулио му ја донела наградата Греми за најдобра рап соло изведба.[14]
Прво „Gangsta's Paradise“ не требало да биде вклучена во студиски албум на Кулио, но нејзиниот успех го натерало на Кулио не само да го стави на својот следен албум туку и да ја направи насловна песна. Песната „Gangsta's Paradise“ е заснована на песната од Стиви Вондер „Patime Paradise“ снимена скоро 20 години порано и ставена на албумот од Вондер Songs in the Key of Life. Албумот Gangsta's Paradise бил издаден во 1995 година и се продал во над два милиони примероци само во САД.[15]

Во 1997 година, Кулио го издал својот трет студиски албум, My Soul. Иако албумот имал платинест тираж, не успеал да го достигне успехот на неговите два претходни албума. Кулио потоа бил исфрлен од издавачката куќа Tommy Boy Records. Оттогаш, неговите следни албуми не успевале да се пласираат на <i id="mwwg">топ</i> листите.
Remove ads
Личен живот
Кулио имал десет деца,[16] од кои едно со неговата сопруга Џозефа Салинас, со која се оженил во 1996 година и се развел во 2000 година.[17] Во март 2022 година, за австралиски весник изјавил дека има пет внуци.[16]
Смрт
На 28 септември 2022 година, 59-годишниот Кулио бил пронајден во несвест на подот во бањата во стан на негов пријател во Калифорнија. Лекарите по пристигнувањето констатирале смрт. Менаџерот на Кулио изјавил дека се дека доживеал срцев удар.[18][19]
Кулио бил кремиран на приватна погребна церемонија. Дел од неговата пепел потоа била сместена во накит за неговото семејство, а другиот дел бил ставен во урна.[20] На 5 април 2023 година, судскиот совет во округот Лос Анџелес објавил дека Кулио починал од случајно предозирање со фентанил, хероин и метамфетамин.[21][22]
Дискографија
Студиски албуми
Албуми во соработка
- Ain't a Damn Thang Changed со WC and the Maad Circle (1991) [28]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads