Кустос

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кустос
Remove ads

Кустос е од латинско потекло (лат: custos), збор што значи чувар на збирка уметнички дела, тој што ја уредува, обработува и обновува збирката на уметнички дела.

Thumb
Кустосот Драган Јанковиќ во постојаната поставка на археолошкиот локалитет Бело Брдо.

Кустосот како чувар и надзорник на културното наследство, е одговорен за збирката на уметнички дела, за негово собирање, организација, заштита, промоција и истражување на уметничките дела. Создава каталог и тесно соработува со реставратори, подготвувачи и конзерватори.

Кустос е академски образовано лице со специјализација на катедрата за музеологија, а најчесто тоа се историчари, историчари на уметност, археолози и слично.[1]

Професијата е тесно специјализирана и фокусирана на уметнички дела. Се грижи за собирање и складирање на предмети,води грижа за нив, одржува соодветна документација, врши потребни истражувања на поединечни предмети и збирки, подготвува предмети за безбеден транспорт. Кустосот организира и изложби и ги презентира пред јавноста предметите што му се доверени.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads