Куќа на Каневчеви (Струга)
куќа во Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Куќа на Каневчеви — стара куќа во градот Струга, прогласена за културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.[1]
Оваа статија се однесува на куќа во Струга. За истоимената куќа во Охрид, погл. Куќа на Каневчеви (Охрид).
Remove ads
Местоположба
Куќата е сместена во Струшката чарија, на левиот брег на реката Црн Дрим. Се наоѓа на улица „Браќа Миладиновци“ бр. 16.[2] До неа е Спомен-галеријата „Вангел Коџоман“, а спроти неа е Спомен-домот на Браќа Миладиновци.
Историја
Куќата е изградена во XIX век. Била сопственост на Милица Канавчева. Според спомен-плочата до влезната врата, на 23 септември 1941 г. во куќата е одржан конститутивниот состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко во присуство на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу, чија биста стои до натписот.
Подоцна куќата прешла во сопственост на Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“.[2] Денес во неа е сместена Средоземната академија „Браќа Миладиновци“.
На 7 декември 1954 г. и повторно на 28 јуни 2017 г. куќата е објавена за споменик на културата.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads