Лев Огненов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Лев Огненов — македонски револуционер, учесник во македонското национално-ослободително движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Лев Огненов е роден во Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Учел за кратко во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1887 година завршува при Роберт колеџ во Цариград. Потоа учителствал во Охрид и Велес. Долго време работел како секретар кај охридскиот митрополит Методиј, но во април 1903 година е уапсен и затворен во охридскиот затвор поради клевета од страна на србомани. Ослободен е на крајот на истата година.

Во периодот меѓу 1905-1906 година е избран за претседател на Охридскиот околиски комитет на Македонската револуционерна организација. За време на младотурскиот режим, во периодот меѓу 1908-1912, Лев Огненов е меѓу основачите и активните дејци на Сојузот на бугарските конституциони клубови.[1]

Во 1913 година Лав Огненов учествувал во Охридското востание против новата српска власт и е избран за претседател на градското началство на Охрид. По задушувањето на востанието Лав Огненов се населува во Бугарија, каде работел како домаќин на Александровската болница. Поради сомнеж за злоупотреба и пренасочување на пари кон ВМРО се нашол под истрага, а Симеон Радев лично го бранел во бугарскиот парламент.

Во 20-те години на 20 век се враќа во Охрид, каде што се издржува од поседуваните обработливи земји. Во 1941 година ги дочекува бугарските војници во Охрид.[2]

Синови на Лав Огненов се Асен, Петар и Симеон Огненови. Асен Огненов е приврзаник на комунизмот и од страна на новите власти по 1944 година е поканет да учествува во управувањето, но тој одбил. Наместо тоа, активно учествувал во дејноста на Македонските братства. Лав Огненов е кум на бугарскиот офицер и доктор Лав Огненов (1889 -1962), кој е татко на општественикот Михаил Огненов.

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads