Македонијарх

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Македонијарх ― титула од римското време, за претседателот на Сојузот на Македонците. Титулата ја добиле само 11 лица.

Служба

Македонијархот бил претседател на Сојузот на Македонците[1] а понекогаш но не секогаш и главен свештеник на императорскиот култ во Римска Македонија.[2][3] Службата била сметана и за важен функционер на Синхедрион, провинциски совет составен од општинска аристократија, римски граѓани и - во некои случаи - робови и слободни.[4] Македонијархот бил на чело и на влијателен дружок наречен општество на Сарапијасти, почнувајќи од владеењето на Северанската династија.[5]

Remove ads

Историја

Најраниот запис за Македонијарх, потекнува од Тесалоника и е од 219 г.н.е.[1] Титулата ја имале само 11 луѓе, од кои шест се верува дека се од римско потекло, врз основа на тоа што имаат когномен.[6] Сепак, еден извештај наведува дека епиграфските докази забележале двајца Македониарси во текот на првиот век од нашата ера и 23-ца во следниот век.[7]

Поврзано

  • Политарх

Наводи

Дополнителна книжевност

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads