Меренрева пирамида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Меренрева пирамида — пирамида на египетскиот фараон Меренра I[3] која била изградена за време на Шестата династија во Сакрара 450 метри југозападно од пирамидата на Пепи I и на слично растојание до пирамидата на Џедкара. Нејзиното античко име било „Убавината на Меренра“[4]. Денес таа се состои главно од рушевини и тешко е да се дојде до неа[5], поради кое не е отворена за јавноста[6].
Пирамидата била изградена во висина од 52,5 метри, 78,75 метри во должина на основата со наклон од 53°07'48. Комплексот бил опкружен со ѕид од тула од кал[5]. Пронајдени се траги од мртовечницата и доказите покажуваат дека изградбата била стопирена наеднаш во еден момент и никогаш не продолжила, веројатно по смртта на фараонот.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads