Мериибре Кети

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мериибре Кети
Remove ads

Мериибре Кети, исто така познат по неговото Хорово име Мериибтави, бил фараон од 9-та или 10-тата династија на Египет, за време на Првиот среден период..

Кратки факти Мериибре Кети, Фараон на Египет ...
Remove ads

Владеење

Thumb
Цртеж на стапче од абонос со титулите на Мериибре Кети.

Некои научници[1][2][3] веруваат дека Мериибре Кети бил основач на 9-та династија, хераклеополски номарх кој собрал доволно авторитет за да се прогласи за легитимен наследник на 6-та династија на фараоните. Се чини дека Мериибре владеел со соседните номарси со железна тупаница, и најверојатно поради тоа во подоцнежните времиња овој владетел е споменат од Манетон како злогласниот Актоес, зол цар, кој полудел, а потоа бил убиен од крокодил.

Алтернативно, други египтолози како Јирген фон Бекерат[4] наместо тоа веруваат дека Мериибре владеел кон крајот на 10-та династија, непосредно пред кралот Мерикаре.

Заради спротивставените мислења на научниците, владеењето на Мериибре е тешко да се датира со сигурност; ако тој навистина бил основач на 9-та династија, неговото владеење требало да започне конвенционално околу 2160 година п.н.е.,[5] додека во вториот случај неговото владеење требало да започне околу еден век подоцна.

Remove ads

Потврди

Бидејќи неговото име не се споменува во Кралскиот список од Торино, овој владетел е познат само по неколку предмети: еден вид бакарен мангал или корпа од гробница во близина на Абидос (пронајден заедно со палета која го носи името на царот Merikare), сега изложен во музејот Лувр; на стапче од абонос од Меир сега во Музејот во Каиро (JE 42835), на фрагмент од ковчеже од слонова коска од Лишт, и некои други ситни наоди.[2] Благодарение на овие неколку споменици, кралската титула на Мериибре е најцелосна меѓу познатите фараони од овој период.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads