Објектив

From Wikipedia, the free encyclopedia

Објектив
Remove ads

Објектив (познат и како леќа) — оптичка леќа поточно збир од леќи кои се користат со камера за да се прават фотографии на објекти, на фотографски филм или на друг медиум способен за складирање на слика хемиски односно по електронски пат, сега најраспространет дигитален сензор.

Thumb
Различни видови на објективи, вклучувајќи широкоаголен, телефото и специјализирани

Скоро и да нема разлика во користењето на објективите за фотографирање, видео снимање (филм), за телескоп, или микроскоп, иако деталите во изработката и конструкцијата се различни. Објективот може да биде фиксен за камерата или да се менува во зависност од потребата на корисникот.

Remove ads

Теорија на работа

Типичен ректалиниеарен објектив може да се спореди со подобрен pinhole „објектив“. Како што е прикажано pinhole „објективот“ e едноставно еден мал отвор кој ги блокира останатиот дел од зраците, односно селектира само еден зрак до секоја точка од филмот/сензорот. Pinhole објективот има голем број на органичувања.

Изградба

Thumb
Зум објектив на Canon Elph

Објективите може да бидат направени и од голем број на елементи: Box Brownie's е само од еден елемент, па сè до повеќе од 20 во посложените зум објективи. Елементите може и самите да се состојат од подгрупа на леќи кои се фиксирани заедно.

Предниот дел е критичен за перформансите на целата изградба. Во сите нови објективи, површината е помината со тенок филм слој за намалување на абразија, одблесокот, површинската рефлексија и да се прилагоди балансот на бои.

Remove ads

Отвор и жаришно растојание

Thumb
Голем (горе) и мал (доle) отвор на истиот објектив.
Thumb
Како жаришно растојание влијае на композицијата: прилагодување на оддалеченоста на камерата од главниот предмет при промена на жаришно растојание, главна тема може да остане со иста големина, додека останатиот дел драстично се разликува поради перспективните промени.
  • Нормален објектив: агол на дијагонала од околу 50° и жаришно растојание приближно еднакво на сликата дијагонала.
  • Широк агол објектив: агол на гледање поширока од 60° и жаришно растојание пократки од нормално.
  • Теле објектив: секоја леќа со подолга дијагонала на филмот или сензорот.[1] Аголот на гледање е потесен. Најчестиот вид на теле објективи дизајн кој користи специјални оптички конфигурации за да се направи објективот пократок од своите фокусни должини.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads