Оливија Родриго
американска пејачка, текстописец и актерка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Оливија Изабел Родриго (родена на 20 февруари 2003 година) — американска пејачка, текстописец и глумица. Станала позната кон крајот на 2010-тите со главната улога во Дизниевите телевизиски серии Bizaardvark и Средношколски мјузикл: Мјузикл: Серија. По потпишувањето со Geffen и Interscope Records во 2020 година, Родриго ја издала својата деби-песна „Drivers License“, која соборила многу рекорди и станала една од најпродаваните песни во 2021 година, а на Оливија ѝ ја донела славата. Подоцна ги објавила песните „Deja Vu“ и „Good 4 U“ и го издала својот деби соло студиски албум „Sour“ (2021), кој бил одлично примен од критиката и публиката, и со него Оливија освоила многу признанија, меѓу кои и три Греми награди. Во 2022 година Дизни+ го објавил документарен филм Оливија Родриго: Возење кон тебе дома (Olivia Rodrigo: Driving Home 2 U), во кој хронолошки се прикажува нејзиниот креативен процес за создавањето на албумот Sour.
Оливија Родриго до 2022 двапати се искачила на прво место на Billboard Hot 100 топ-листата, има еден албум кој бил на врвот на Billboard 200 и пет мултиплатинести сертификати од Здружението на музичките снимтели на Америка (RIAA). Покрај другите признанија, има освоено Американска музичка награда, седум музички награди Билборд и четири МТВ видео музички награди. Тајм ја прогласил за изведувач на годината за 2021 година, а Билборд ја прогласил за жена на годината во 2022 година.
Remove ads
Живот и кариера
Оливија Изабел Родриго е родена на 20 февруари 2003 година во Муриета, Калифорнија.[1][2][3] Живеела и пораснала во соседната Темекула.[4] Нејзиниот татко е по потекло од Филипини а мајка ѝ има германско и ирско потекло.[3][5][6] Нејзиниот татко работел како семеен терапевт, а нејзината мајка работела како учител во училиште. Таа изјавила дека нејзиниот прадедо се преселил од Филипините во Соединетите Држави како тинејџер и дека нејзиното семејство ги следла филипинските традиции и кујна. Уште додека била во градинка Оливија Родриго почнала да зема часови по пеење и набргу научила да свири пијано.[7] На шестгодишна возраст почнала да посетува часови по глума и пеење и почнала да глуми во театарски претстави во основното училиште.[2][8] На 12 годишна возраст веќе свирела гитара.[7] Додека растела ја слушала омилената алтернативна рок музика на нејзините родители, како што се бендовите No Doubt, Pearl Jam, White Stripes и Green Day. Родриго се заинтересирала за пишување песни откако слушала кантри-музика, особено американската пејачка и текстописец Тејлор Свифт.[9] Таа се преселила во Лос Анџелес откако ја добила улогата на Bizaardvark.[8]
Родриго за првпат се појавила на екранот во реклама за Old Navy.[10][11] Веднаш потоа, во 2015 година, дебитирала и како глумица глумејќи го главниот лик Грејс Томас во филмот „Американска девојка: Грејс се спрема за успех („A American Girl: Grace Stirs Up Success“).[12] Во 2016 година, Родриго добила признание за глумењето на Пејџ Олвера, гитаристка во Дизни серијата Bizaardvark,[13][14][15] улога што ја играла три сезони.[16]
Во февруари 2019 година, била избрана да ја толкува главната улога Нини Салазар-Робертс во Дизни + серијата Средношколски мјузикл: Мјузикл: Серија, чија премиера била во ноември истата година.[17] За саундтракот на серијата, Родриго ја напишала песната „All I Want" а заедно со нејзиниот колега Џошуа Басет ја напишале „Just for a Moment“.[18] Родриго добила пофалби за нејзината глума.[19][20] Во 2022 година, Оливија ја напуштила серијата за да се насочи кон нејзината музичка кариера.[21]
2020–сега: Музички пробив и Sour
Во 2020 г. Родриго потпишала со Interscope Records и Geffen Records. На 8 јануари 2021 г., го издала својот деби сингл „Drivers License“, кој го напишано заедно со продуцентот Ден Нигро.[22][23] Уште во првата недела по објавувањето, „Drivers License“ била пофалена од критиката,[24] и двапати го соборила рекордот на Spotify за најмногу преслушувања во еден ден за непразнична песна со преку 15,7 милиони преслушувања на 11 јануари и над 17 милиони преслушувања следниот ден.[25][26] Соборила уште еден рекорд на Spotify со тоа што таа била прва песна во историјата која достигнала 80 милиони преслушувања за 7 дена.[27] Песната дебитирала на првото место на Billboard Hot 100,[28] и била на врвот на топ листите во многу други земји.[29][30]
На 1 април 2021 г., Родриго го издала својот следен сингл, „Deja Vu“, кој дебитирал на осмото место на Billboard Hot 100,[31] што ја прави прв музичар кој со првите две песни во кариерата дебитирал во првите 10 песни на Billboard Hot 100 листата.[32] Третиот сингл кој му претходи на нејзиниот деби албум, „Good 4 U“, бил објавен на 14 мај 2021 година и станал нејзин втор сингл кој дебитирал на првото место на Hot 100.[33][34] Sour, нејзиниот деби студиски албум, бил објавен на 21 мај 2021 година, и добил признание од критичарите.[35] Многу критичари истакнале дека Оливија Родриго е еден од најдобрите уметници на генерацијата З [9][36][37] Sour дебитирал на првото место на Билборд 200 листата и се задржал таму пет недели.[38]
На 6 декември 2021 година, Родриго најавила светска турнеја низ Соединетите Американски Држави, Канада и Европа.[39] Три дена подоцна, од Тајм била прогласена за изведувач на годината.[40] Според Билборд, Родриго ја затворила 2021 година како изведувач со најмногу продадени синглови ширум светот,[41] а осум нејзини песни се нашле на Глобал 200 листата на крајот на годината, меѓу кои „Drivers License“ на четвртото место, „Good 4 U“ на деветтото место и „Deja Vu“ на 27-мо.[41] Во САД и ОК, Sour бил трет и четврт најпродаван албум во 2021 година, соодветно.[41][42] Sour и „Drivers License“ исто така биле најстримуваните албум и песна на Spotify на светско ниво.[43] Меѓународната федерација на фонографската индустрија (IFPI) ја рангирал Родриго како десетти најдобро продаван изведувач за 2021 година, а Sour како втор најпродаван албум во 2021 година.[44]
На 17 февруари 2022 година, Родриго го најавила и објавила трејлерот за нејзиниот документарен филм од Дизни+ „Оливија Родриго: Возење кон тебе дома“ (Olivia Rodrigo: Driving Home 2 U), кој бил објавен на 25 март 2022 година.[45] Оливија Родриго добила седум номинации на 64-те Греми награди.[46] Таа ги освоила наградите за најдобар нов изведувач, најдобар поп вокален албум за Sour и најдобра поп соло изведба за „Drivers License“.[47]
Remove ads
Уметност и влијанија
Родриго била опишанa како поп, поп рок,[48] тинејџерски поп,[49] инди поп,[50] алтернативен поп,[51] и поп- уметник со гума за џвакање.[52] Таа ги наведувала Тејлор Свифт и Лорд како нејзини идоли и главни музички инспирации,[53][54] и исто така се нарекувала себеси најголем фан на Свифт „во целиот свет“. Нејзините други влијанија ги вклучуваат Аланис Морисет, Кејси Масгрејвс,[55] Фиона Епл, Сент Винсент, Карди Б, Гвен Стефани и Аврил Лавињ.[56] Родриго изјавила дека сака да биде текстописец, а не „најголемата поп ѕвезда што некогаш живеела“. Таа открила дека избрала да потпише со Interscope/Geffen Records бидејќи нејзиниот извршен директор го пофалил нејзиното пишување песни, а не нејзиниот „потенцијален квалитет на ѕвезда“.[3] Музичката новинарка Лора Снејпс ја нарекла Родриго „ знаменосец “ за новиот бран текстописци кои се склони кон моќни балади „кои се емотивни како и секогаш, но ја проектираат таа емоција навнатре, менувајќи го бомбастот за молчење“, и го опиша нејзиниот музички стил како вкоренет во болка во срцето, ментално здравје и тага, без да биде мелодраматичен, изразувајќи повеќе реални перспективи отколку отпорни.[57] Родриго ги наведува Тејлор Свифт и Лорд како нејзини идоли и основни музички инспирации,[58] и исто така себеси се нарекува најголема обожавателка на Свифт „на целиот свет“.[59] Таа, исто така, рекла дека се восхитува на Џек Вајт (член на бендот White Stripes) и го нарекла нејзин „херој на хероите“. Инспирација наоѓа и во Аланис Морисет, Кејси Масгрејвс,[60] Фиона Епл, Сент Винсент,[61] Карди Би,[62] Гвен Стефани [63] и Аврил Лавињ.[64]
Remove ads
Други потфати

На 13 јули 2021 година, Родриго била вклучена во напорите на Белата куќа за промовирање на вакцинациите против Ковид-19 кај младите луѓе во САД. Таа се состанала со претседателот Џо Бајден, потпретседателката Камала Харис и главниот медицински советник Ентони Фаучи, за да разговараат за нејзините напори.[65][66][67] Според извештајот на CNN, Родриго ќе снимала видеа за важноста на младите да се вакцинираат, вклучително и одговарање на прашања што младите ги имаат во врска со вакцинацијата.[65]
Родриго била говорник на институтот и панелист на Институтот за родови прашања во медиумите Џина Дејвис.[68]
Дискографија
Студиски албуми
Компилација албуми
Проширени претстави
Песни
Промотивни песни
Remove ads
Турнеи
- Sour Tour (2022)
Достигнувања
За нејзиното творештво во музиката, Родриго добила три Греми награди, седум музички награди од Билборд, четири МТВ Видео Музички Награди, четири музички награди на iHeartRadio и две награди на People's Choice, Американска музичка награда, Брит награда и награда Џуно .
Родриго во 2021 била ставена на листата 100 Next од списанието Тајм,[127] и била прогласена за изведувач на годината од Тајм за 2021 година.[127] Билборд, исто така, ѝ ја доделил наградата жена на годината на настанот <i id="mwAi4">Billboard</i> Women in Music во 2022 година.[128] Таа, исто така, ја добила наградата „Текстописец на годината“ од Variety во 2021 година,[127] и на наградите ASCAP во 2022 година.[127]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads