Основен суд Радовиш
суд во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основен суд Радовиш — суд со основна надлежност сместен во градот Радовиш и го опфаќа подрачјето на општините Радовиш и Конче.[1]
Судот во Радовиш ја извршува судската власт во прв степен во рамките на двете гореспоменати општини. Основниот суд во Радовиш одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините Радовиш и Конче.
Историја
Основниот суд во Радовиш, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година. Најпрвин работел како судско одделение на Околискиот суд во Струмица. Од 1950 до 1952 година, судот во Радовиш е самостоен околиски суд, кога бил сместен во старата зграда на Тутунска банка.
Во 1975 година, судот се преместил во нова современа зграда, во која се наоѓа и денес.
Remove ads
Внатрешна организација
Основниот суд во Радовиш е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.
Претседатели на судот
Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Радовиш биле следниве:
- Тодор Кукутанов
- Димче Костов
- Коце Кукутанов
- Илија Кочев Чирич
- Коста 'Ржев
- Александар Јовичич
- Теохаров Димитар
- Горгичков Лазар
- Миле Валаков
- Бранко Димитров
- Нојко Арсов
- Ангел Диманов
- Данка Ристова
- Љупчо Тодоровски
- Костадин Петров
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads