Остервик

From Wikipedia, the free encyclopedia

Остервикmap
Remove ads

Остервик (германски: Osterwieck) — историски град во округот Харц, во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, Германија. Се наоѓа на реката Илзе, северно од Вернигероде и планинскиот масив Харц. На 1 јануари 2010 општините од поранешната заедница на општини Остервик-Фалштајн се припоија кон Остервик.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Остервик во рамките на округот Харц ...

Стариот град (Алтштат) со црквата Свети Стефан е станица на сценскиот германски пат на дрвото и на Патот на романиката.

Remove ads

Историја

Населбата била првпат спомената околу 780 година, кога Карло Велики во текот на Саксонските војни ја поминал реката Окер и изградил црква посветена на Свети Стефан на плоштадот, подоцна наречен Залингенштеде (Salingenstede). Оваа црква станала средиште на христијанската мисија над паганците Саксонци, набљудувана од Хилдегрим од Шалон и потеклото на подоцнежната Халберштатска епископија. На 1 април 974 година, царот Отон II му доделил пазарни и монетни права на градот, што најчесто се смета и како датумот на основање на градот.

Името Остервик било првпат споменато во 1073 година во писмото на надбискупот Лимар од Бремен на епископот Бурхард II од Халберштат. Уништен од пожарот во 1511 година, градот бил повторно изграден и денес се одликува со околу 400 градби во стилот „фахверк“. Наосот на црквата Свети Стефан е подигнат во XVI век, која е една од најстарите протестантска цркви, додека нејзините романски двојни куполи потекнуваат од 1100 година.

Remove ads

Меѓународни односи

Остервик е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

  • Винфрид Фројденберг (1956–1989), последната жртва на Берлинскиот ѕид, е роден во Остервик

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads