Падеш

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Падеш — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја на Благоевградската област, Бугарија.

Кратки факти Падеш Падеш, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Падеш се наоѓа на источните падини на планината Влаина, на надморска височина од 700 метри. Од градот Горна Џумаја е оддалечено 12 километри југозападно, додека пак од границата со Република Македонија, само 10 километри.

Историја

Согласно Санстефанскиот мировен договор, селото останало во границите на Бугарија. Врз основа на Берлинскиот договор, селото и било вратено на Отоманската Империја.[1]

Во селото бил организиран комитет на ВМОРО, а на 14 февруари 1903 година селото било нападнато од турските војници и биле убиени Иван Стоилков, Тиме Киосевски, Лазар Стаменов, Ангел Стојанов, Велика Зашова, Стоимен Петканов, Димитар Царвенков, А. Јакимов. Ранети биле Величков и Стоичков. Во тој напад од страна на турската војска биле силувани: Стојанова, Марија Георгиева, Елена Јанчева, Марија А. Чокарска, Магдалена Стојанова, Именка Христова, Велика Георгиева, Јана Стојанова (65), Марија Ангелова (58), Марија Петрова, Христина.[2]

При избувнувањето на Балканска војна во 1912 година, 16 луѓе од Падеш доброволно се пријавиле во Македонско-одринските чети.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 35.8км². Во околината на селото претежно преовладува обработлива површина, додека пак во остатокот на атарот има мешавина од шуми и пасишта.[4] Областа е плодна и се застапени и овошни култури и насади со зеленчук. Во близина на селото тече реката Габровштица, десна притока на Струма.

Од врвот Чуката се пружи убав поглед на Рила и Горна Џумаја. Во подножјето на овој врв се наоѓа убава зимзелена шума во која се засолниле многу диви животни.

Население

Според пописот од 2021 година, селото имало 508 жители, со густина на населеност од 14.1/км².

Во пописот од 2011 година имало 683 жители, што значи дека во текот на една деценија имало стапка на пад на населението од -2.8%.[5]

Вкупното население на Падеш било 639 жители на 15 декември 2023 год.

До 1900 година, според познатата статистика на Васил К‘нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на селото броело 1.250 луѓе, сите бугарско-христијани.

Број и учество на етничките групи според пописот од 2011 година.[6]

Население во (%)
Вкупно 683 100.00
Бугари 646 94.58
Турци 0 0.00
Роми 9 1.31
Други 3 0.43
Не се изјасниле 0 0.00
Неодговориле 25 3.66
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Поштенски код на селото е 2747.

Културни и природни знаменитости

Во 1898 година била изградена црквата „Свети Димитрија“, прогласена за споменик на културата.[7]

Редовни настани

Личности

Личности кои потекнуваат односно се родени во Падеш.

  • Георги Багажев (1860 – 1940), револуционер и просветен работник.
  • Георги Стојанов, доброволец во четата на Иван Атанасов - Инџето за време на Српско-бугарската војна во 1885 година[8]
  • Георги Јанакиев - Пелтека, (1857 – ?) бугарски револуционер
  • Деспот Ангелов, македонско-едрински милиционер, 20 години, земјоделец, 1 чета од 11 српски одред[9]
  • Лазар Иванов (1855 – ?), се стекнал со ќелијно образование, учител во родното село до 1878 година, потоа свештеник во Падеш и Лешко
  • Смилен Димитров Сеименски (1866 – 1901), бугарски револуционер
  • Стојчо Милушев (1866 – 1923), бугарски комунист
  • Цветко, член на ВМРО[10]

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads