Панде Манојлов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Панде Манојлов (Породин, 2 мај 1948 - Битола, 7 ноември 2020 [1]) — македонски поет, раскажувач и новинар.[2] Најпознат е по песната за Палестина што ја напишал во 1982 година и ја објавил во весникот „Нова Македонија“ поради трагичните масакри во бегалските логори Сабра и Шатила во Либан.[3] Оваа песна во август 2006 година во радиото Монте Карло, во емисијата за арапски јазик, била прогласена за најубава странска песна посветена на Палестина.[4]

Кратки факти Панде Манојлов, Роден/а ...
Remove ads

Животопис

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с. Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Битолски весник“, Битола. Бил член на ДПМ од 1989 година.

Творештво

Манојлов бил автор на 29 книги меѓу кои:

  • Црвен немир во црвено пламти (поезија, 1971)
  • Соѕвездие на болот (поезија, 1977)
  • Огнена земја (поезија, 1983)
  • Блажевина (поезија, 1988)
  • За Битола, вековите и љубовта (поезија, 1989)
  • Обид да се влезе во нулата (раскази, 1996)
  • Срца, булки и снегулки (поезија за деца, 1997)
  • Македонски поетски молк (поезија, 1997)
  • Лет во сонот над Ајфеловата кула (поезија на македонски и француски, 1998)
  • Стап (хумористично-сатирични текстови, 2000)
  • Талија на Битолската сцена (театарски критики, 2002)
  • Песни за Никола и Дамјан (поезија за деца, 2003)
  • Љубов и Чемер (поезија,2005)
  • Тевекелиски песни (поезија, 2008)
  • Битола, Љубов моја (поезија, 2009)
  • Месечина со превез (поезија, 2011)
  • Последна корида на душата (раскази, 2014)
  • Ветровито време (поезија, 2015)
  • Далечен сон (поезија, 2016)
  • Јужни реки (поезија, 2019)
  • Песни за Палестина (поезија, 2019)[5]
Remove ads

Награди

Добитник е на наградите:

  • Награда „4 Ноември“ на градот Битола
  • „Ванчо Николески“ - Битола
  • „Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“.[6]
  • Признание од државата Палестина[7]
  • Награда „Ацо Шопов“ за 2019 година, за збирката поезија „Јужни реки“[8]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads