Пентекост

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пентекостmap
Remove ads

Пентекост (бислама: Pentikos, англиски: Pentecost, француски: Pentecôte, „педесетница“) е остров во покраината Пенама во островската држава Вануату. Островот е најнаселен во оваа покраина. Пентекост се наоѓа на околу 190 км северно од главниот град Порт Вила, а месното население го именува островот и како Вану Ароароа, Рага или Арага.

Кратки факти Географија, Место ...
Remove ads

Географија

Пентекост е планински остров кој има должина од над 60 километри и површина од 490 километри квадратну. Највисока точка на островот е Вулмат со 947 метри. Овој планински предел го дели островот на два географски дела, влажен источен брег и посушен западен брег. Брегот е доста зелен и погоден за плантажи и сточарство. Климата на островот е тропска и просечните годишни врнежи изнесуваат 3.500 мм. Има две годинишни сезони на островот, дождлива сезона од ноември до април и сува сезона од мај до октомври. Често има појави на циклони.

Remove ads

Население

Островот има население од скоро 17,000 според пописот од 2009 година.[1] Населението претежно е населено на западниот брег. На островот нема вистински град, туку населението живее во села. Селата на Пентекост се: Лаоне, Ававатунтора, Лолтонг, Латано,Намбварангиут, Бварнапни Мелсиси, Ранвади, Вану, Баравет Лоророр, Хотва, Панас, Валу, Панги, Назарет, Атватбанга, Ена, Вутсунмвел, Танбок, Нарува, Убику, Тансип и Ранпутор. На источниот брег се наоѓаат селата Ранвас, Бунлап, ранон, Ренбура и Ванрасини.

Remove ads

Сообраќај

На островот има два аеродрома за локален авио-транспорт: Лонороре и Сара. Покрај овој воздушен сообраќај, островот е поврзан со траекти со Порт Вила и Луганвил. Најчесто островот е посетуван на западниот брег, источниот брег поретко го посетуваат бродови. Патиштата и патеките не се асфалтирани, но ги поврзуваат сите села на островот.

Јазици

На островот се зборуваат пет автохтони јазика: рагански јазик, апмански јазик, совански јазик, скејски јазик и саски јазик. Покрај овие, скоро сите зборуваат и на бислама. Образованите лица зборуваат и англиски и француски.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads