Повишувалка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Повишувалка или диез[1] (♯) — музички предзнак кој означува подигање на тоновите зад него за еден полустепен. На имињата на вака подигнатите тонови се додава наставката -ис. На пример цис (повишено це), дис (повишено де), еис (повишено e) и така натаму.


Во нотниот запис исто така има потреба некој тон да биде двапати повишен, т.е. повишен за цел степен. Во таа прилика се користи двократна повишувалка која се означува или со тесно поврзување на две повишувалки (без допир) или со крст што личи на детелина со четири листа. Тоналитетите во чии предзнаци се појавуваат овие повишувалки не се практични и затоа многу ретко се среќаваат вон теоријата на музиката.
Remove ads
Запис
Знакот главно се пишува на таков начин што површината оградена со неговите четири линии го оградува местото на тонот што се повишува. Во рамките на нотниот систем, тој е во празнината, односно на линијата. А вон системот, потребно е да се исцртаат помошни линии, како што би се правело за ноти.
Употреба
Постојат две можни употреби на овој знак:
- Пред клучот или на местото на промената на тоналитетот, овој знак означува повишување на секој следен тон кого го опфаќа, до следната промена на тоналитетот.
- Во рамките на тактот, овој знак означува повишување на секој следен тон опфатен со него, но само до крајот на тактот.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads